• сабота, 21 декември 2024

Њујорк тајмс: САД не дозволуваат украинските пилоти да поминат обука на ловците F-16  

Њујорк тајмс: САД не дозволуваат украинските пилоти да поминат обука на ловците F-16  

Вашингтон, 18 мај 2023 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден која ги одобрува сите набавки на ловците F-16 произведени во САД не дозволува украинските пилоти да поминат обука на авионите во сопственост на европските земји, објави синоќа Њујорк тајмс. 

Минатата недела, Велика Британија објави дека ова лето започнува со обука на украински пилоти „со искуство за управување со разни типови авиони“. Сепак, без одобрување од САД обуките најверојатно ќе се ограничат на изучување техничка документација и тактички лекции, без пристап до самите авиони, изјави за весникот неименуван службеник. 

Неколку европски земји, меѓу кои Холандија и Велика Британија, се спремни да предадат на Украина ловци F-16, а за чија неопходност за заштита на украинското небо говореше Володомир Зеленски. Но, во Белата куќа постои сомнеж дека на Украина ѝ се потребни вакви скапи авиони. 

Според американскиот топ службеник, сомнежот донекаде доаѓа од тоа што мултимилионската цена на авионите ќе се одрази на и онака сѐ помалиот воен буџет на земјата. Покрај тоа, САД се загрижени од тоа тајните технологии вградени во авионот да не паднат во рацете на противникот, пишува Њујорк тајмс. кб/сд/   

Остани поврзан