• понеделник, 23 декември 2024

Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка

Њујорк тајмс: Русија е одговорна за уништување на браната Каховка

Вашингтон, 18 јуни 2023 (МИА) – Њујорк тајмс објави дека има докази што потврдуваат дека Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка.

Браната Каховка, што е под руска окупација, беше уништена на 6 јуни, а бетонската бариера што ја уништи била поставена длабоко во конструкцијата.

- Доказите јасно укажуваат дека браната била оштетена од експлозија иницирана од страна која е под контрола на Русија, пишува Њујорк Тајмс.

Браната е изградена во советско време, па Москва ги имала инженерските планови и знаела каде се наоѓа „Ахиловата пета“ на градбата.

Според експертите малку е веројатно уривањето на бетонските темели на браната да се случи само по себе.

Украина ја обвини Русија за уништување на браната, која е под руска контрола од 2022 година.

Кремљ негираше вмешаност во оштетувањето на браната, која потопи дел од линијата на фронтот и бројни домови и многу ниви во околните региони. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан