• петок, 05 декември 2025

Њујорк до прв триумф над Индијана во финалето на Источната конференција

Њујорк до прв триумф над Индијана во финалето на Источната конференција

Индијанаполис, 26 мај 2025 (МИА) – Екипата на Њујорк никс ноќеска ја победи Индијана на гостински терен со 106:100 во третиот натпревар од полуфиналната серија на плејофот во НБА лигата.

Најефикасен кошаркар на теренот беше центарот на гостинската екипа Карл-Ентони Таунс, кој постигна 24 поени и забележа 15 скока. 

Ѕвездата на Пејсерс, Тајрис Халибартон постигна 20 поени. Тимот на Њујорк имаше негатива од 20 поени во втората четвртина.

Резултатот во серијата прв до четири победи сега е 2:1 во корист на Индијана. Четвртиот натпревар ќе се одигра на 28 мај и ќе започне во 2 часот по македонско време. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан