• сабота, 23 ноември 2024

Њукасл и Де Хеа пред постигнување договор

Њукасл и Де Хеа пред постигнување договор

Лондон, 5 декември 2023 (МИА) - Голманот Давид де Хеа, кој моментално е слободен играч, наскоро може да стане член на Њукасл, пренесува „The Telegraph“.

Според британскиот медиум, Шпанецот ќе се пресели во англискиот тим доколку се исполнат неговите договорни услови.

Де Хеа бранеше за Манчестер јунајтед од јули 2011 година. Во сезоната 2022/23, фудбалерот одигра 58 натпревари за тимот и прими 61 гол, а 25 пати ја зачува мрежата „чиста“.

Триесет и тригодишниот Шпанец стана слободен играч во јули 2023 година и допрва треба да најде нов клуб. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан