• понеделник, 23 декември 2024

Њукасл испрати понуда за Маурицио Сари

Њукасл испрати понуда за Маурицио Сари

Неапол, 30 април 2024 (МИА) - Англиски Њукасл упатил понуда до италијанскиот тренер Маурицио Сари, пишуваат медиумите на Островот.

Шеесет и пет годишниот стручњак неодамна го напушти италијанскиот Лацио, а неговото име веќе се поврзува со голем број европски тимови.

Меѓу потенцијалните нови дестинации за Сари се клубовите како Фиорентина, Торино, Милан, Наполи и Вест Хем. Се очекува искусниот тренер да донесе одлука за својата иднина по завршувањето на актуелната сезона.

Саудиските сопственици на Њукасл испратија понуда до Маурицио Сари во обид да го убедат да го замени Еди Хау на лето.

Според „TMВ“, Сари е искушуван од понудата и проектот што му ги нуди англискиот клуб.

Екипата на Њукасл го зазема седмото место во привремениот поредок во Премиер лигата со 53 бода по 34 одиграни натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан