• недела, 24 ноември 2024

„Љубовната соба” доби награда на „Агора докс“ на фестивалот во Солун

„Љубовната соба” доби награда на „Агора докс“ на фестивалот во Солун
Скопје, 18 март 2022 (МИА) - Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба” доби награда на „Агора докс“ на фестивалот за документарен филм во Солун во Грција. Филмот е во режија на Сузана Диневски, а е во продукција на Сузи Кју. Продуцент на филмот е исто така Сузана Диневски, а копродуценти се Владимир Стојчевски (Аворд филм и видео) и Бојана Диневски (Сузи Кју).Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, организатор е Горан Стојилковиќ, а тонски дизајнер е Игор Поповски. Филмот раскажува две интимни љубовни приказни на две млади жени чии сопрузи се на отслужување затворка казна во КПД Идризово.Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм. бт/лв/

Остани поврзан