Љоренте: Работата со Конте повеќе од една година станува тешка, но тој е убедливо најдобриот тренер со кого сум соработувал
- Напаѓачот на Удинезе, Фернандо Љоренте, зборуваше за главниот тренер на Интер, Антонио Конте, со кого работеше во Јувентус.

Удине, 10 април 2021 (МИА) - Напаѓачот на Удинезе, Фернандо Љоренте, зборуваше за главниот тренер на Интер, Антонио Конте, со кого работеше во Јувентус.
- Тој е победник и многу ги учи играчите. Ова е убедливо најдобриот тренер со кој сум работел. Многу ми се допаѓаат неговите идеи. Успева да го извади најдоброто кај секој играч. Тој е навистина пребирлив. Станува тешко да се работи со него на дневна основа повеќе од една година, но јас сакам да работам со таков специјалист, истакна Љоренте.
Конте е актуелен тренер на Интер со кого е на добар пат да ја освои шампионската титула во Серија А. зс/