• вторник, 08 октомври 2024

„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути

„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути

Лос Анџелес, 7 октомври 2024 (МИА) - Популарнит „куси видеа“ (Shorts) на „Јутјуб“ ќе траат подолго. Поточно, од 15 октомври авторите ќе можат да снимаат кратки видеа во траење до три минути.

Кусите снимки ќе добијат и шаблони што ќе може да се испробаат со притискање на копчето „Ремикс“ на видеото и со избирање на опцијата „Употреби шаблон“ (Use this template). Исто така, како што се соопштува - наредниве месеци корисниците ќе можат да ремиксираат клипови од избрани содржини на „Јутјуб“, па дури и да извлекуваат делови од повеќе видеа.

Има нова страница „Шортс трендс“ (Shorts Trends) на мобилната верзија, па корисниците наскоро ќе можат да ги прегледуваат и коментарите во изворот на кусото видео.

Ако случајно не ви се допаѓаат овие куси видеосодржини, на почетокот сe воведува и опција за нивно прикажување во помал број и поретко. Но, ова ќе работи само привремено.  си/мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан