• среда, 25 декември 2024

Јутарњи лист: Вили Берош нов хрватски министер за здравство

Јутарњи лист: Вили Берош нов хрватски министер за здравство
Загреб, 28 јануари 2020 (МИА) - Нов хрватски министер за здравство веројатно ќе биде Вили Берош, откако Одборот за здравство на владејачката ХДЗ едногласно го прифати предлогот на премиерот Андреја Пленковиќ, пишува весникот „Јутарњи лист“. Пленковиќ претходно денеска одлучи да го разреши досегашниот министер за здравство Милан Кујунџиќ поради афера со недвижности. Аферата со недвижности се појави врз основа на несразмерност во имотниот лист и вистинската имотна состојба на Кујунџиќ. гт/

Остани поврзан