• вторник, 20 август 2024

Јунајтед подготвен да се раздели со Мектомини, Санчо останува на „Олд Трафорд“

Јунајтед подготвен да се раздели со Мектомини, Санчо останува на „Олд Трафорд“

Манчестер, 19 август 2024 (МИА) - Англискиот клуб Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со шкотскиот интернационалец Скот Мектомини, доколку самиот играч сака да го напушти „Олд Трафорд“, пренесе „Скај спортс“. Во моментов тој е единствениот со можност да го напушти клубот.

Според информациите, Јунајтед сепак претпочита да го задржи Мектомини во својот тим, па токму поради оваа причина раководството одбило две понуди од Фулам. Последната од нив беше во износ од 20 милиони фунти.

Италијански Наполи е уште еден тим кој го сака Мектомини во својот тим. Сепак, тој е опцијата број 2 за „наполитанците“, кои главно се фокусираа на доведување на Ромелу Лукаку. Останатите дојдовни трансфери целосно зависат од иднината на Виктор Осимен во тимот.

Џејдон Санчо,пак, ќе остане во Јунајтед, продолжува „Скај спортс“. За него има сериозен интерес од повеќе тимови, но Пари Сен Жермен повеќе не е еден од нив по потписот на Дезире Дуе од Рен. дс

Фото: Архива

Остани поврзан