• сабота, 27 јули 2024

Јунајтед, Интер и Рома заинтересирани за Верати

Јунајтед, Интер и Рома заинтересирани за Верати
Лондон, 26 март 2022 (МИА) - Играчот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Верати би можел да се пресели во друг клуб. Според „Fichajes“, Манчестер јунајтед е меѓу тимовите кои се заинтересирани за италијанскиот фудбалер. Интер и Рома ја разгледуваат и можноста да го добијат Верати кој францускиот клуб го проценува на околу 55 милиони евра. Договорот на Верати со ПСЖ е до 30 јуни 2024 година. Дваесет и деветгодишниот фудбалер за врска оваа сезона забележа 25 настапи во сите натпреварувања, постигна два гола и направи една асистенција. зс/

Остани поврзан