• вторник, 17 декември 2024

Јунајтед врза четири победи по ред, Хојлунд влезе во историјата на Премиер лигата

Јунајтед врза четири победи по ред, Хојлунд влезе во историјата на Премиер лигата

Лутон, 18 февруари 2024 (МИА) - Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја забележаа четвртата победа во низа во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ славеа на гостувањето кај Лутон со резултат 2:1 во натпревар од 25. коло на Премиер лигата.

Херој на тимот на Ерик Тен Хаг беше младиот дански напаѓач Расмус Хојлунд, кој ги постигна двата гола за Јунајтед на овој натпревар.

Првиот по само 37 секунди, со што го собори рекордот за најбрз гол на гости за клуб од Манчестер. Хојлунд ја искористи грешката на Амари Бел, чија очајна повратна топка ја пресретна, а потоа го заобиколи голманот Томаш Камински и ја смести топката во небранетата мрежа.

Со тој гол, тој стана најмладиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој постигнал гол на шест последователни натпревари (21 година, 14 дена), со што го престигна Џо Вилок, кој дотогаш го држеше рекордот.

Само шест минути подоцна, Хојлунд постигна уште еден гол за да им го донесе најбрзото водство од два гола на гости во историјата на нивните гостувања во англискиот шампионат.

Хојлунд на тој начин стигна до својот седми гол сезонава.

Лутон успеа да намали преку Карлтон Морис во 14. минута, но не можеше повеќе од тоа.

Премиер лига 25 коло:

Брентфорд - Ливерпул 1:4 (0:1)
Барнли – Арсенал 0:5 (0:2)
Фулам – Астон Вила 1:2 (0:1)
Њукасл – Бурнемаут 2:2 (0:0)
Нотингем Форест - Вест Хем 2:0 (1:0)
Тотенхем - Вулверхемптон 1:2 (0:1)
Манчестер Сити – Челси 1:1 (0:1)

Недела:

Шефилд Венздеј – Брајтон 0:5 (0:2)
Лутон – Манчестер Јунајтед 1:2 (1:2)

21:00 Евертон – Кристал Палас.дс

Фото: Фејсбук/Манчестер јунајтед

Остани поврзан