• сабота, 23 ноември 2024

Јужнокорејскиот претседател во ненадејна посета на Украина

Јужнокорејскиот претседател во ненадејна посета на Украина

Сеул, 15 јули 2023 (МИА) - Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол денеска првпат пристигна во Украина на разговори со украинскиот лидер Володимир Зеленски, јави новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на канцеларијата на јужнокорејскиот претседател.

Јун Сук-јол пристигна во Украина откако присуствуваше на самитот на НАТО во Литванија и ја посети Полска оваа недела, каде што изрази солидарност со Украина и ги истражи начините за поддршка во борбата против руската инвазија.

Како сојузник на САД и сè поактивен извозник на оружје, Јужна Кореја повторно е под притисок да обезбеди оружје за Украина. Досега, јужнокорејската влада се спротивстави на овој притисок, фокусирајќи се на хуманитарна и финансиска помош, бидејќи се плаши од руското влијание врз Северна Кореја. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан