Јужна Кореја, Јапонија и САД ќе одржат заеднички воени вежби поради заканата од Северна Кореја
Сеул, 5 септември 2025 (МИА) - Јужна Кореја, Јапонија и САД ќе организираат годишни одбранбени вежби со цел да ги зајакнат своите воздушни, поморски и кибер-оперативни способности како одговор на нуклеарната и ракетна закана од Северна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.
Според официјалното соопштение, заедничките маневри ќе започнат на 15 септември. ссм/
фото: архива