Јужен Судан на раб на граѓанска војна, Германија ја затвора амбасадата
- Германската влада денеска објави дека привремено ја затвора својата амбасада во Џуба, главниот град на Јужен Судан, бидејќи верува дека земјата е на работ на граѓанска војна.

Берлин, 22 март 2025 (МИА) - Германската влада денеска објави дека привремено ја затвора својата амбасада во Џуба, главниот град на Јужен Судан, бидејќи верува дека земјата е на работ на граѓанска војна.
-После години кревок мир, Јужен Судан повторно е на работ на граѓанска војна, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
Бербок на социјалните мрежи напиша дека претседателот на Јужен Судан Салва Кир и неговиот ривал, потпретседателот Риек Мачар, „ја туркаат земјата во спирала на насилство. Тие имаат одговорност да го запрат бесмисленото насилство и конечно да го спроведат мировниот договор“, наведе таа.
Јужен Судан е нестабилен и распарчен од насилство откако се стекна со независност од Судан во 2011 година.
Мировниот договор меѓу Мачар и Кир од 2018 година стави крај на петгодишната граѓанска војна во која загинаа повеќе од 400.000 луѓе. Мачар е првиот потпретседател на земјата во владата на национално единство, иако неговата политичка група се противи на Кир.
Политичкото ривалство меѓу двајцата нашироко се смета за главна пречка за мирот во Јужен Судан, при што Кир се сомнева во амбициите на неговиот заменик, а Мачар го нарече Кир диктатор. мс/
фото: МИА архива