• сабота, 31 август 2024

Јувентус ќе му плати на Сасуоло 35 милиони евра за Локатели

Јувентус ќе му плати на Сасуоло 35 милиони евра за Локатели
Рим, 14 август 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Сасуоло, Мануел Локатели е блиску до трансфер во Јувентус. Клубот ја договори сумата на трансферот, која ќе изнесува 35 милиони евра, пренесува „Тутоспорт“. Играчот ќе потпише договор со „бјанко-нерите“ на Торино на пет години со плата од три милиони евра годишно. Во последната сезона од италијанското првенство, Мануел одигра 34 натпревари, постигна четири гола и направи две асистенции. Локатели исто така успешно настапи на Европското првенство 2020 година со италијанската репрезентација со која стигна до трофејот. зс/

Остани поврзан