• среда, 28 август 2024

Јувентус се согласи да го изнајми Локатели од Сасуоло со обврска да го откупи за 35 милиони евра

Јувентус се согласи да го изнајми Локатели од Сасуоло со обврска да го откупи за 35 милиони евра
Торино, 17 август 2021 (МИА) - Јувентус и Сасуоло се договорија за трансфер на играчот од средниот ред Мануел Локатели. „Бјанконерите“ го изнајмуваат 23-годишниот играч на две години со безусловна обврска за откуп од 35 милиони евра плус бонуси, стои на веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио. Инсајдерот Фабрицио Романо појаснува дека договорот на Италијанецот ќе трае до 2026 година. Страните сега работат да ги завршат сите формалности што е можно поскоро и Локатели да оди на задолжителниот медицинскиот преглед пред да го облече дресот на Јувентус. зс/

Остани поврзан