• сабота, 31 август 2024

Јувентус може да го вклучи играчот за врска Фаџоли во зделката со Локатели

Јувентус може да го вклучи играчот за врска Фаџоли во зделката со Локатели
Торино, 28 март 2021 (МИА) - Јувентус продолжува да се интересира за играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели. Според „Калчомеркато“, повикувајќи се на „Ла Газета дело Спорт“, Торино може да го вклучи играчот за врска Николо Фаџоли во зделката. Вклучувајќи го 20-годишниот играч, тие сакаат да го намалат износот на плаќање. Сасуоло бара 40 милиони евра за нивниот играч. Оваа сезона 23-годишниот Локатели одигра 25 натпревари во Серија А и постигна три гола. зс/

Остани поврзан