Јувентус и Ди Марија не можат да се договорат за висината на платата на играчот
- Јувентус е во преговори со играчот од средниот ред Анхел Ди Марија. Сепак, страните сé уште не можат да се договорат за висината на платата на играчот, информира „Tuttosport“.

Торино, 12 јуни 2022 (МИА) - Јувентус е во преговори со играчот од средниот ред Анхел Ди Марија. Сепак, страните сé уште не можат да се договорат за висината на платата на играчот, информира „Tuttosport“.
Торинскиот клуб на 34-годишниот Аргентинец му нуди едногодишен договор со плата од седум милиони евра. Фудбалерот сака да добие 7,5 милиони, како и уште 1,5 милиони во вид на можни бонуси.
Анхел ди Марија минатата сезона одигра 26 првенствени натпревари за ПСЖ, постигнувајќи пет гола и седум асистенции.
Ова лето тој го напушта клубот како слободен играч. зс/