• сабота, 31 август 2024

Јувентус е подготвен да го продолжи договорот со Локатели до 2028 година

Јувентус е подготвен да го продолжи договорот со Локатели до 2028 година

Торино, 24 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели може да го продолжи договорот со клубот од Торино, објави новинарот Николо Шира.

Според Шира, торинскиот тим е задоволен од игрите на 25-годишниот Италијанец и е подготвен да му понуди нов договор до летото 2028 година. Новиот договор се очекува да биде потпишан во наредните денови.

Оваа сезона Локатели одигра девет натпревари на кои постигна гол и асистенција.

Токму Локатели во неделата беше стрелец на единствениот погодок на натпреварот со својот поранеше клуб Милан. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан