• среда, 27 ноември 2024

Јувентус го продава Ремзи

Јувентус го продава Ремзи
Торино, 12 јуни 2020 (МИА) - Јувентус е подготвен да го продаде Арон Ремзи, и покрај тоа што го привлече велшкиот репрезентативец само пред една година. Според „Дејли мејл“, халфот ќе биде една од првите жртви на кризата предизвикана од пандемијата КОВИД-19. Во Торино, решени се да ги намалат трошоците за плати и затоа се подготвени да се разделат со Ремзи. Поранешниот играч на Арсенал минатото лето беше регрутиран како слободен агент и поради оваа причина му беше обезбедена прилично висока плата, во висина од 400.000 фунти неделно. Според таблоидот, пред една недела биле известени два англиски клуба дека Ремзи ќе биде поставен на „тезга“ кога ќе се отвори трансфер прозорецот. Објавата сугерира дека Манчестер Јунајтед има интерес за Велшанецот.

Тагови

Остани поврзан