• сабота, 23 ноември 2024

Јубилејна 20. хуманитарна крводарителска акција во Скопје по повод Голема Богородица

Јубилејна 20. хуманитарна крводарителска акција во Скопје по повод Голема Богородица
Скопје, 28 август 2022 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, денеска, во Домот на АРМ, во Скопје, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. - Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 19 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост, апелираат организаторите. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот. вг/сп/

Остани поврзан