• среда, 27 ноември 2024

ЈСП Скопје: Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното

ЈСП Скопје: Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Приватниците и Кушовски денеска одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот, а во меѓувреме, како што наведуваат од ЈСП, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван.

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараа финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. Тие најавија дека до петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. ев/цр

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан