• сабота, 23 ноември 2024

ЈП „Улици и патишта“ Скопје ги заменува оштетените сообраќајни знаци

ЈП „Улици и патишта“ Скопје ги заменува оштетените сообраќајни знаци
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Во изминатите денови се санираат и се заменуваат оштетените сообраќајни знаци со нови, на улиците и булеварите во централното градско подрачје. Исто така, се обновува и сообраќајната сигнализација и опрема на градските улици, информираат од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.
-Секојдневната контрола и обиколка е дел од тековните активности на дежурните екипи кои ја одржуваат сообраќајната сигнализација и опрема на градските улици. Деновиве со ноќното обележување е обновена хоризонталната сигнализија на булеварот Гоце Делчев, улица Лазар Личеновски, улица Даме Груев, Димитрие Чуповски, улица Самоилова и другите сообраќајници во општина Центар, се вели во соопштението.
Од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје најавија дека продолжуваат и во наредниот период со ноќното обележување на хоризонталната сигнализација, како и со контрола и санација на сообраќајните знаци на сите места каде што има потреба за интервенции. ки/лв/

Остани поврзан