ЈП Национален парк „Пелистер“ извршија прихрана на дивечот
- Вработени во ЈП Национален парк „Пелистер“ извршија прихрана на дивечот што живее на планината Баба.
Битола, 5 јануари 2024 (МИА)-Вработени во ЈП Национален парк „Пелистер“ извршија прихрана на дивечот што живее на планината Баба.
Прихраната се врши поради недостиг од храна во природата, но и заради нашиот хуман однос кон дивечот, изјави за МИА, Иванчо Тошевски, директор на ЈП Национален парк „Пелистер“.
- Прихраната ја вршиме со пченка, пченица, крупна сол и минерали за ситниот дивеч и крупниот дивеч. Стотина килограми сено и зрнеста храна се оставени на повеќе локации за прихранување на ситниот прелетен и крупен дивеч, бидејќи од голем интерес за националениот парк е заштитата во сите региони на територијата на паркот. Храната ја поставија нашите вработени и е на новите хранилки изработени од нашето јавно претпријатие, посочи Тошевски.
Во текот на минатиот месец на платото „Копанки“ и „Марково копито“ поставивме 12 клупи за посетители на паркот, потсети Тошевски. мт/вг/
Фото: МИА