• недела, 28 јули 2024

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе постави специјални контејнери за одлагање на органски отпад во пресрет на Курбан Бајрам

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе постави специјални контејнери за одлагање на органски отпад во пресрет на Курбан Бајрам
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Од Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелираат до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина. - Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на вчерашниот и денешниот ден, спроведоа и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје, соопштија од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Список на локации каде што ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад: 1. Општина Шуто Оризари - автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин; во близина на мостот на патот кон Визбегово; во близина на Хамдипашината џамија; во близина на општината Шуто Оризари. 2. Општина Бутел - во близина на џамијата Фетах Ефенди; во близина на џамијата Бедр - Бутел 1. 3. Општина Гази Баба - стадион ФК Фортуна; стадион Гази Баба. 4. Општина Чаир - поранешна локација на ЈПХКС-Серава; во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на Теќето во Дуќанџик. 5. Општина Сарај - кај старата општина Сарај; кај езерото Треска; кај СИУ Медреса Иса Бег во с.Кондово. 6. Општина Карпош – Населба Долно Нерези. 7. Општина Арачиново – поранешен плац, во центарот на селото-кај Касапот. 8. Општина Студеничани - во центарот на с. Студеничани; во с. Моране; во с. Батинци. 9. Поранешно седиште на Муфтиството-Скопско Кале.фф/дма/

Остани поврзан