• понеделник, 17 март 2025

ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници

ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - ЈП „Градски паркинг“ - Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември.

Од претпријатието изразуваат длабоко сочуство до семејствата на настраданите во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, а на повредените им посакува брзо опоравување.

-ЈП „Градски паркинг"- Скопје со своите ресурсу стои на располагање за каква било помош и со таа цел претпријатието донесе одлука денес да не се врши наплата на услугата паркирање на јавните паркиралишта: Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември, се посочува во објавата на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје. ев/ац/

Фото: Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан