ЈО: Извршен претрес во неколку стана во Скопје во врска со предметот „Плацеви на Водно“
- По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти. Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, информира во соопштение Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Од ЈО најавуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот.
Во случајот „Плацеви на Водно“ се осомничени поранешниот премиер Никола Груевски, како и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.вј/лв/