Јотова во посета на Охрид
- Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе престојува во посета на Охрид.

Скопје, 17 април 2022 (МИА) – Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ќе престојува во посета на Охрид.
Јотова, која вчера и денеска е во посета на земјава, утре во Охрид ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на Министерството за надворешни работи „Бугарска развојна помош“.
Јотова ќе присуствува и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“. аа/нд/