• понеделник, 23 декември 2024

ЈО: Полицијата во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на лекарот во Железара

ЈО: Полицијата во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на лекарот во Железара

Скопје, 23 март 2024 (МИА) - Јавно обвинителство вечерва соопшти дека полицијата, во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на 67-годишниот лекар чие тело беше пронајдено во населбата Железара.  

-МВР работи на откривање  на сторител, во координација со јавен обвинител. Се очекува и наодот од обдукцијата, посочија од Обвинителството.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „Киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан