• среда, 04 декември 2024

Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково

Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково

Скопје, 3 декември 2024 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението од Обвинителсвтото, при претрес на осомничениот во селото Инџиково, додека со велосипед се движел кон домот и се обидел да и избега на полицијата, биле пронајдени 50 грама амфетамин и помало количество марихуана.

Притворската мерка е предложена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. ев/бак/

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан