• понеделник, 23 декември 2024

Јордан го блокираше патувањето на Нетанјаху во Емиратите

Јордан го блокираше патувањето на Нетанјаху во Емиратите
Ерусалим, 11 март 2021 (МИА) - Јордан го блокираше планираното патување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) затоа што не дозволува израелски авион да влезе во јорданскиот воздушен простор, изјави дипломатски извор за израелските медиуми. „Заминувањето на Нетанјаху во посета на Емиратите е одложено бидејќи нема дозвола за лет од Јорданците. Се проценува дека одложувањето се должи на откажувањето (вчера) на јорданскиот престолонаследник поради недоразбирања за безбедносни аранжмани“, додаде тој. Јорданскиот престолонаследник Хусеин бин Абдулах планираше да ја посети џамијата Ал Акса. Принцот пристигна на границата со повеќе вооружени чувари отколку што дозволи Израел, па затоа не им беше дозволен влез, а принцот Хусеин ја одложи посетата. Абу Даби и натаму се подготвува за посетата на Нетанјаху, и покрај одложувањето, јавуваат израелските медиуми. паг/  

Остани поврзан