• четврток, 26 декември 2024

Јорданов: Се работи на проект за санирање на штипската улица „Ванчо Китанов“

Јорданов: Се работи на проект за санирање на штипската улица „Ванчо Китанов“
Штип, 3 ноември 2021 (МИА) - Свлечиште на улицата „Ванчо Китанов“ веќе една година е најголемиот инфраструктурен проблем за жителите во штипската населба Сењак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека свлечиштето на улицата се појавило поради непредвидена изградба на потпорни ѕидови, а е издадено градежно одобрение за изградба на станбена зграда. Тој истакна дека општинските служби работат на изготвување на проект за изградба на потпорен ѕид, со кој ќе се спречи ново свлечиште. - Веднаш по изградбата ќе почнеме и со санација на свлечената улица. Затоа во оваа прилика ги замолувам граѓаните од овој дел од градот за трпение, затоа што ова е проблем, којшто ние го наследуваме и се надевам дека со зголемување на функционалноста на институциите под локалкната самоуправа ќе најдеме соодветно решение, вели Јорданов. Посочи дека откако ќе се изготви основниот проект ќе се знае колку ќе чини изградбата на потпорниот ѕид, како и на реконструкцијата на улицата, која е свлечена и не се користи од страна на граѓаните. Тој се надева дека во текот на зимото ќе се постави потпорниот ѕид, а со стартот на градежната сезона наредната година и ќе се санира и улицата. вдј/мс/

Остани поврзан