Јончевски: Во моментов размислуваме само на Естонија и на натпреварот кој мора да го добиеме
- Сениорската машка репрезентација денеска го одржа првиот собир со кој означи почеток на мини-подготовките кои ќе ги одржи во Скопје во пресрет на последните два натпревари од овој евроквалификациски циклус.

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Сениорската машка репрезентација денеска го одржа првиот собир со кој означи почеток на мини-подготовките кои ќе ги одржи во Скопје во пресрет на последните два натпревари од овој евроквалификациски циклус.
Играчите и стручниот штаб имаат зацртани цели пред нив, како и стратегија како да ги реализираат.
Александар Јончевски, селекторот на Македонија, изјави дека мислите се насочени кон гостувањето во Естонија.
„Во моментов размислуваме само на Естонија и на натпреварот кој мора да го добиеме за да одиме понатака, а за Полска ќе се подготвуваме по Естонија. Имаме мотив, имаме желба, составот можеби не е во најпосакуван изглед по моментов. Имаме среќа што Ненад Димитријевиќ е со нас, тука го имаме и Ти-Џеј Шортс. Се надевам дека како тандем ќе функционираат беспрекорно и ќе дојдеме до победа. Со Јакимовски сум во контакт, имавме позитивни одговори од Колорадо затоа што имаа минимални шанси да се квалификуваат понатаму. Но, пред скоро добивме порака дека тимот има шанси да оди понатаму. Се надевам дека ќе се појави тој во Талин и ќе го имаме на располагање. За разлика од претходниот циклус, го имаме Теодор Симиќ, кој се надевам дека ќе помогне за игра под кошевите, најголемиот проблем кој го имавме претходно со такви физички репрезентации. Тука гледам наша шанса и за некоја брза игра, да ги бркаме тие пет поени негатива во Талин“, истакна Јончевски. дс
Фото: Архива