• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јокиќ постави рекорд во НБА

Јокиќ постави рекорд во НБА

Денвер, 2 април 2025 (МИА) - Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постави рекорд во НБА за постигнати поени во трипл-дабл.

Триесетгодишниот српски кошаркар постигна 61 поен рано утрово на натпреварот против Минесота. Тој имаше и 10 скока и 10 асистенции. Ниту еден играч досега не забележал трипл-дабл со толку постигнати поени. 

Воедно, Јокиќ постави и нов личен рекорд во постигнати поени на натпревар во НБА-лигата

Сепак Денвер го загуби натпреварот со 140:139 по продолжение.

Тимот од Колорадо е трет во Западната конференција на НБА. Минесота е на седмото место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан