• четврток, 07 ноември 2024

Јовчески: Прилеп заслужува повеќе

Јовчески: Прилеп заслужува повеќе

Прилеп, 11 октомври 2021 (МИА) - Прилеп и прилепчани, заслужуваат многу повеќе, реални проекти и промени, а не да бидат излажани, порача кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески на вечерашниот митинг во центарот на градот.

-Ќе создадеме нова иднина. Уште од почетокот на мојот мандат, заедно со мојот тим составен од професионалци во своите области, ќе се остварат повеќе значајни проекти: реконструкција на плоштади, паркови во градот и населените места, инфраструктурно доуредување на индустриските зони, комплетна реконструкција на влезовите во градот, ќе има нови 500 слободни места, со планираните изградби на нови градинки, доизградби на постоечки како и реадаптација на училишни простори. Прилепската река ќе добие нов лик, ќе ги спречиме и нервозите со паркинг просторот со изградбата на монтажни катни гаражи. За љубителите на домашни миленици ќе изградиме парк по сите стандарди. Старата градска чаршија ќе биде обновена и ќе заживее, Планирана е и изградба на неколку кружни текови, ќе изградиме и обиколници, со промена на режимот на сообраќајот за тешките товарни возила кои ќе се движат по нова траса нема да биде засегнато градското подрачје, вети Јовчески.

Според Јовчески, Прилеп ќе биде напреден и модерен град, со користење на обновливите извори на енергија и на сите објекти во надлежност на локалната самоуправа ќе бидат поставени фото-волтаични панели.

-Ќе ги реконструираме уништените спортски терени и ќе изградиме нови, Прилеп заслужува чист воздух и здрава животна средина. Затоа, ќе ја доизградиме и ќе ја пуштиме во употреба фабриката за отпад, рече Јовчески.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицковски, кандидатот за градоначалник, избор на СДСМ, е Горан Сугарески, зашто, како што рече, преку него може да продолжи рекет кон бизнисмените и незавршени, а најавени инфраструктурни проекти.

- Кандидат на СДСМ во Прилеп е најверното Зоранче, Сугарески. 5 години ветуваат експресен пат за Прилеп, кој не го чепнаа, а го наследија од претходната влада, и поради празните ветувања прилепчани недопрениот пат го нарекоа „Горан Сугарески“. Истиот тој кој десетици години е на функција советник, пратеник, министер, директор, Уште градоначалник не е станат, па сака да се испроба и во тоа. Но овој пат нема да успее и тука завршува криминалната кариера на Сугарески, рече Мицковски.ем/бк/

Остани поврзан