• вторник, 24 декември 2024

Јовиќ: Ќе направиме сè за достојно да се претставивме во ЛШ

Јовиќ: Ќе направиме сè за достојно да се претставивме во ЛШ

Битола, 19 јули 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, денес ги почна подготовките за новата сезона, за која тренерот Александар Јовиќ верува дека ќе биде успешна.

 

- Сигурен сум дека ќе направиме сè за достојно да го претставиме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите, а покрај тоа и да ги оствариме зацртаните цели во домашниот шампионат и Купот на Македонија. Нашата визија и цел е да направиме спој од македонски квалитетни млади ракометари дополнително со странски играчи. Не сакаме да имаме преголем број на ракометари во ростерот. Мислам дека со уште едно до две засилувања ќе направиме одлична екипа за новата сезона.

 

На денешната прва прозивка на пелистерци, беа присутни новодојдените: Борзаш, Нилсен, Петровиќ, Ѓорѓовски и Цехте. 

Битолчани утре заминуваат на базични подготовки во Маврово, каде ќе работат до први август, кога е предвидено враќање во Битола. 

 

Втората фаза на подготовки Еурофарм Пелистер ќе ја реализира во Битола на почетокот на месец август, а предвидени се и два тест-натпревари против Еурофарм Пелистер. 

 

Од средината на август следуваат турнирските натпревари, за во септември да се почне со официјални средби. зс/

Остани поврзан