• сабота, 09 ноември 2024

ЈКП „Дервен“ со нови инвестиции во Фабриката за вода во Велес за заштита на животната средина и здравјето на луѓето

ЈКП „Дервен“ со нови инвестиции во Фабриката за вода во Велес за заштита на животната средина и здравјето на луѓето

Велес, 28 јули 2023 (МИА) - Со цел да се модернизира производниот процес и да се овозможи максимална заштита на животната средина и здравјето на луѓето, во Фабриката за преработка на вода во Велес се постави систем за неутрализација, чија главна намена е во случај на инцидент, односно било какво излевање на штетни гасови (во случајов гасен хлор) да го прибере излеаниот хлор и да го неутрализира. Со ова се заштитува и здравјето и безбедноста на вработените во фабриката, но и околината. Оваа инвестиција е вложена со сопствени средства на претпријатието во износ од 1 100 822 денара, информираат од ЈКП „Дервен“.

Воедно појаснуваат дека процесот на озонирање на водата го нема во сите водоводни претпријатија во земјава, а придонесува за многу подобар квалитет и вкус на водата за пиење. Тој дел од процесот на производство на вода е воведен со самото пуштање во работа на Фабриката за вода, и претпријатието се грижи за негово редовно одржување и сервисирање и замена на потребната опрема. 

Тие информираат дека за таа цел ЈКП „Дервен“ изврши набавка на компресор модел EPM 40-A со сушач за производство на сув воздух за озон генератор.

Фабриката за вода од која со вода за пиење и други потреби се снабдуваат жителите на Велес и околните населени места досега имаше на располагање само еден компресор за производство на сув воздух за неопходна работа на озон генераторот и тој работеше непрекинато.

Според ЈКП „Дервен“, со новиот компресор и сушач овозможено е посебно независно функционирање на системите еден од друг. Отстранета е експлоатацијата на непрекинато работење на само еден систем, односно при редовно сервисирање или несакан дефект на работниот компресор.

Фабриката за преработка на вода за пиење има резервен компресор кој ќе овозможи производство на сув воздух за непрекината работа на озон генераторот.

Оваа инвестиција на ЈКП„Дервен“ е од сопствени средства во износ од 1 милион 050 илјади денари.

-Водата од нашата градска мрежа, порано матна и во недоволно количество, денеска ја има во изобилство, и што е најважно, со квалитет што не отстапува од светските стандарди.Ние ја носиме одговрноста за обезбедување на чиста и квалитетена вода за пиење, потенцираат од ЈКП „Дервен“. ад/мч/

фото: ЈКП „Дервен“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан