• среда, 25 декември 2024

Јапонци заболени од канцер бараат отштета од нуклеарната централа Фукушима

Јапонци заболени од канцер бараат отштета од нуклеарната централа Фукушима
Токио, 26 мај 2022 (МИА) – Во Токио денеска почнаа сослушувањата за обесштетување на лицата кои заболеле од рак на тироидната жлезда по катастрофата во нуклеарната централа во Фукушима. Шест лица, кои во 2011 година за време на нуклеарната катастрофа биле деца, го тужеа сопственикот на нуклеарната централа „Токио електрик пауер компани холдингс“ (ТЕПКО), тврдејќи дека зрачењето од централата е причина за нивната болест. Тие бараат отштета од 616 милиони јени (4,9 милиони долари). Тоа е прва групна тужба поднесена од некој од Фукушима поради здравствени проблеми, поврзани со катастрофата. На 11 мај 2011 година Јапонија беше погодена од земјотрес со интензитет од девет степени и цунами што предизвикаа нуклеарна катастрофа и го опустоши североисточниот брег на Јапонија. Во земјотресот и цунамито настрадаа 18.430 луѓе, а пронајдени се телата на 15.897 жртви. Повеќе од 160.000 луѓе беа принудени да ги напуштат домовите. ми/

Остани поврзан