• среда, 25 декември 2024

Јапонски експерт од областа на ерозијата во посета на Земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци 

Јапонски експерт од областа на ерозијата во посета на Земјоделско-шумарското училиште во Кавадарци 
Кавадарци, 6 април 2023 (МИА) - Во средното Земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров" денеска јапонски експерт од областа на ерозија на земјиште одржа презентација на тема „Еко-системски базирано намалување на ризици  од катастрофи (ЕКО - НРК), преку одржливо управување со шумите во Република Македонија".
 
Присутните имаа можност да ги слушнат искуствата од Јапонија за справувањето со поплави, одрони и лизгање на земјиштето.
 
- Говорници на темата беа Јута Морикава, заменик главен технички советник за Еко-НРК од Јапонската агенција за меѓународна соработка, Стефко Стефковски, главен проект менаџер и претставник од Центар за управување со кризи, како и нивниот помлад соработник Ѓорѓи Савевски. Тие ни ги прикажаа нивните искуства преку Јапонија, Балканот и државава за тоа како се справуваат со природните катастрофи, поплави, одрони и лизгање на земјиштето, ерозија. Ни ги претставија и мерките против поплавите и одроните во земјава, како и нивните проекти во Радовиш и Лисиче, соопштија од училиштето. 
 
Учесници во презентацијата беа учениците и наставниците од шумарска струка. свд/мч/
 
Фото : Училиште ,,Ѓорче Петров"

Остани поврзан