• среда, 27 ноември 2024

Јапонскиот „крал на туната“ купил риба од 276 килограми за еден и пол милиони евра

Јапонскиот „крал на туната“ купил риба од 276 килограми за еден и пол милиони евра
Токио, 8 јануари 2020 (МИА) - Јапонскиот бизнисмен Кијоши Кимура, инаку стручњак за суши и познат како „кралот на туната“, плати 1,5 милиони евра за џиновска туна на новогодишна аукција во Токио. Кимура, меѓу другото, е сопственик на синџирот ресторани „Суши Занмај“. Рибата вредна 193 милиони јени е, всушност, црвена туна уловена во северна Јапонија. - Ова е најдобрата туна. Да, скапа е, но сакам моите клиенти одлично да се гостат и оваа година, изјави Кимура. На бизнисменот веќе, се чини, и му стана навика да плаќа рекордни цени на новогодишниот панаѓур и наддавањата во Токио. Минатата година тој од својата сметка издвои 2,7 милиони евра за 278 килограми тешка туна. си/

Остани поврзан