• петок, 26 јули 2024

Јапонија крена ловци за да следат движење на два кинески бомбардери во близина на островот Окинава

Јапонија крена ловци за да следат движење на два кинески бомбардери во близина на островот Окинава

Токио, 25 август 2023 (МИА) - Јапонското Министерство за одбрана денеска соопшти дека активирало борбени авиони за да придружуваат два кинески бомбардери, што летале меѓу островите Окинава и Мијако, пренесуваат британските медиуми.

Кинески борбени авиони „Х-6“ биле забележани како летаат низ теснецот меѓу југозападните јапонски острови Окинава и Мијако, соопшти Министерството. 

Една од најголемите американски воени бази во Азиско-пацифичкиот регион се наоѓа токму на островот Окинава. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан