• среда, 27 ноември 2024

Јапонија испушти околу 7.800 тони прочистена радиоактивна вода во Тихиот Океан

Јапонија испушти околу 7.800 тони прочистена радиоактивна вода во Тихиот Океан

Токио, 20 ноември 2023 (МИА) - Третата етапа од испуштањето на прочистената радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот Океан заврши денеска, соопшти компанијата која управува со централата, објави Кјодо.

Како и со претходната, втора фаза на испуштање прочистена радиоактивна вода во океанот, Tokyo Electric Power Company Holdings ослободи уште 7.800 тони преработена вода. Тоа е направено преку подводен тунел, преку кој прочистена радиоактивна вода се внесува во океанот, на еден километар од брегот.

Планирано е до март следната година да се пуштат повеќе количества преработена вода од централата.

Јапонија тврди дека не е регистрирана радиоактивна контаминација на водите во областа на океанскиот брег во близина на нуклеарната централа Фукушима. Сепак, Кина и Русија воведоа ограничувања за увоз на риба и морски плодови од Јапонија.

Властите во Токио планираат да испуштат во Тихиот океан вкупно 1,34 милиони тони прочистена вода од нуклеарната централа Фукушима, која пропадна поради силниот земјотрес во март 2011 година и последователното цунами што го опустоши североисточниот брег на Јапонија. паг/

Фото: МИА архива



 

 

Остани поврзан