• среда, 20 ноември 2024

Јапонија донира за промена азбестен покрив на градинката „Изворче“ во Злетово

Јапонија донира за промена азбестен покрив на градинката „Изворче“ во Злетово
Пробиштип, 17 ноември 2022 (МИА) - Амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP) со цел да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. Грант договорот беше потпишан со Општина Пробиштип и има за цел отстранување на стариот азбестен покрив и инсталација на нов покрив во градинката „Изворче“ во Злетово, во вкупен износ од 77.975 евра. Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, заедно со амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада. -Санацијата на кровот е неопходна како од технички, така и од еколошки аспект, а најважно од сè, за заштита на здравјето на децата и на вработените, вели Анастасов. Во обраќањето, амбасадорот Савада истакна дека со инсталацијата на новиот покрив во градинката „Изворче“ ќе се заштитат повеќе од 90 деца кои престојуваат во оваа градинка“. Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина. Јапонија ја поддржува Северна Македонија во различни сектори континуирано, како инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 423 милиони евра како и друга нефинансиска помош. вдј/ир

Остани поврзан