Јаоски: Ќе бидам градоначалник на сите, ќе ги продолжам проектите во Пласница
- Според податоците на Државната изборна комисија, на изборите во Општина Пласница гласале 4 954 избирачи. Јаоски добил 1 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.

Скопје, 13 декември 2020 (МИА) - Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Пласница објави победа на денешните избори.
Според податоците на Државната изборна комисија, на изборите во Општина Пласница гласале 4 954 избирачи. Јаоски добил 1 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.
Јаоски најави дека ќе биде градоначалник на сите и оти функцијата ќе ја извршува чесно.
Во претстојните десет месеци ќе ја продолжам реализацијата на проектите во општината во која е направено многу, а јас тоа ќе го продолжам, изјави Јаоски.
Меѓу приоритеите, како што рече, ќе му бидат инфраструктурата и вработувањето на граѓаните.
Претходно честитки за победата на Јаоски преку Фејсбук упати лидерот на ДУИ Али Ахмети.лв/