• среда, 25 декември 2024

Јанчев најави нова велосипедско-пешачка патека и подземен пешачки премин

Јанчев најави нова велосипедско-пешачка патека и подземен пешачки премин
Кавадарци, 7 октомври 2021 (МИА) - Изградба на велосипедско-пешачка патека од два километра од Западен булевар до фабриката Дрекслмаер и проект за проширување на булеварот до фабриката, најави денеска на прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. - За безбедно движење на пешаците и велосипедистите, а ќе се намали и фреквенцијата на возила. Тоа е плус во континуитетот за проширување на влезовите во Кавадарци, рече Јанчев, кој е кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој нагласи дека проектот ќе се реализира во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта. Јанчев најави и проект за подземен пешачки премин за Западен булевар. Тој рече дека со тоа ќе се подобри безбедноста во сообраќајот. Јанчев рече дека ова се дел од проектите, кои ќе придонесат за развојот на општината Кавадарци.свд/ир  

Остани поврзан