Јанчев: Интензивно се гради во Кавадарци
- - Се врши комплетно асфалтирање на улицата „1 Мај’’, откако претходно беше реконструирана и опфаќаше поставување на ивичници, гребење на стариот асфалт и комплетно ново асфалтирање на улицата, на површина од 800 квадратни метри, дел од програмата за комунална изградба за 2024 година. Изведувач на работите е Изолација ДОО Скопје, напиша градоначалникот.
Кавадарци, 3 декември 2024 (МИА) - Интензивно се гради во Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.
- Се врши комплетно асфалтирање на улицата „1 Мај’’, откако претходно беше реконструирана и опфаќаше поставување на ивичници, гребење на стариот асфалт и комплетно ново асфалтирање на улицата, на површина од 800 квадратни метри, дел од програмата за комунална изградба за 2024 година. Изведувач на работите е Изолација ДОО Скопје, напиша градоначалникот.
Тој соопшти исто така дека јавното претпријатие ,,Комуналец" интензивно работи на улицата ,,8 Септември’’ каде се поставуваат нови три линии, водоводна, фекална и атмосферска, за новите објекти, со комунално уредување за граѓаните. Инвестицијата била на локалната самоуправа. свд/сст/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев