Јанчев: Градежна офанзива во Кавадарци
- Градежна офанзива се случува во општината Кавадарци а временските услови ни одат во прилог, рече попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 7 февруари 2024 (МИА) – Градежна офанзива се случува во општината Кавадарци а временските услови ни одат во прилог, рече попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– Со полна пареа се работи на повеќе од дваесетина објекти од комуналната изградба. Се инвестира на неколку локации. Општина Кавадарци во соработка со С.О.У „Добри Даскалов“ и ЈП комуналец во наредните денови ќе работи на уредување на дворното место на училиштето. Иницијатива е на Советот на родители на гимназијата, додека садниот материјал е донација на Национални Шуми подружница – БОР Кавадарци, појасни градоначалникот.
Тој соопшти дека се работи на целосна реконструкција на тротоарот на потегот од семафорите кај гимназијата до ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци, инвестиција на локалната самоуправа од околу три милиони денари.
Денеска увид во градежните работи извршија градоначалникот и претседателот на Советот Стојанчо Рамов.
Претседателот на Советот рече дека продолжува инвестицискиот градежен бум во општината. Тој нагласи дека со овие проекти се уредува просторот, се зголемува безбедноста и се влијае кон подобар живот за населението. свд/ир
Фото: Фејсбук-профил на Јанчев