• понеделник, 18 ноември 2024

Јанушев: Зелената агенда на Ахмети е дефокус на јавноста од проблемите

Јанушев: Зелената агенда на Ахмети е дефокус на јавноста од проблемите
5 јуни 2021  Единствено зелено што гледам во некоја конотација во однос на зелената боја помеѓу СДСМ и ДУИ, е зелената боја на еврата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Игор Јанушев во однос на ребрендирањето на владејачката партија ДУИ, на чело со Али Ахмети кој денеска истакна дека во фокусот на неговата партија ќе биде зелената агенда и заштитата на животната средина. Тој во своето гостување во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека тоа што денеска го најави Ахмети во овој период е всушност дефокус на јавноста од вистинските проблеми со кои се соочува државата. „Тоа е најдобриот пример како да се долови поентата кога некој најавува нешто такво, што е добар дефокус за јавноста кога излегува со една таква тема. Она што го видовме во последните неколку години, покрај интересот за еврата, парите, криминалот и корупцијата, единствено зелено предводено од оваа Влада се лагите кои што ги пласираа на оваа тема, во однос на заштитата на животната средина и екологијата“, рече Јанушев. Тој додаде дека после шестнаесет години, колку што со Министерството за животна средина во континуитет раководат кадри на ДУИ, да излезеш и да твдриш дека во фокус на својата партија ја ставаш зелената агенада, нема никаква логика, и тие две работи не одат во иста реченица. Јанушев потенцираше дека на Македонија не и требаат документи и платформи со фокус за заштита на животната средина, затоа што таа веќе има такви документи и конвенции со кои како држава учествува на највисокото светско ниво во оваа проблематика. На Македонија и треба имплементација на овие документи, констатираше тој. Јанушев, откри дека ВМРО-ДПМНЕ на овие престојни локални избори ќе излезе со одлична понуда за граѓаните, во кои како и во досегашните изборни кампањи, така и во оваа ќе понуди одлични решенија и за оваа проблематика во интерес на сите и која ќе биде препознаена и прифатена од мнозинството граѓани.
Јанушев: Собранието е нефункционално поради тенкото мнозинство на власта
Апсолутно не се точни тврдењата дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира македонското Собрание, тоа е нефункционално поради тенкото мнозинство кое што власта го има, и неможноста на владеачките партии СДСМ и ДУИ да обезбедат, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, запрашан зошто партијата го блокира Собранието кога Христијан Мицкоски и Зоран Заев се договориле дека тоа нема да го прави.
Тој во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека многу е погрешно да се тврди дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието затоа што на два закони кои власта ги доставила во Собранието и кои се лоши и штетни за државата и граѓаните, поднела амандмани, а од друга страна стотици закони изгласале.
„Поставувањето на тезата дека доколку Владата до Собранието достави лош закон и штетен за државата и ако ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандмани тоа поставува блокирање на Собранието и од друга страна секојдневно се случуваат криминали и огромни скандали со корупција. Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието. Главниот проблем на нефукционирањето  на Собранието е тенкото мнозинство кое што им е проблем на мнозинството, односно неможноста на СДСМ и ДУИ да го обезбедат“, вели Јанушев.
Тој се осврна и на актуелната состојба во односите со соседна Бугарија, при што потенцираше дека се погласни се шпекулациите дека премиерот Зоран Заев ја прифаќа декларацијата која Бугарија ја доставила до Европската Унија, кои се исклучителни штетни за Македонија и македонскиот народ.
„Се погласни се шпекулациите дека оваа Влада, односно Заев ја прифаќа бугарската декларација, односно најголем дел од декларацијата што за нас, не само како ВМРО-ДПМНЕ туку и за најголем дел од македонската јавност е тотално неприфатливо“, рече Јанушев.
Во однос на изјавите на премиерот Заев дека во преговорите со Бугарија на маса не се идентитетските прашања, тој потенцираше дека на Зоран Заев, кога станува збор за националните интереси, затоа што се што секогаш излегло од тоа што го кажувал, мислејќи на договорот до Грција со кој беше променето името на државата иако во своите деца и предци се колнеше дека тоа нема да го направи.
  Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан