Ракот на грло на матката шесто најчесто малигно заболување кај жените
- Главниот причинител е инфекцијата со ХПВ, вирус што се пренесува по сексуален пат. Иако повеќето ХПВ инфекции се безопасни и спонтано исчезнуваат, некои типови на вирусот можат да доведат до појава на преканцерозни промени или рак - тоа се ХПВ 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58 и 59. Покрај хуманиот папилома вирус (ХПВ) како најчест предизвикувач, други фактори што го зголемуваат ризикот за развој на ова заболување се ран почеток на сексуални односи - поголема изложеност на ХПВ вирусот во помлада возраст, потоа повеќе сексуални партнери - зголемен ризик за ХПВ инфекција. Потоа, слаб имунолошки систем - намалената способност на организмот да се бори со инфекции го зголемува ризикот. Исто така и пушење - хемикалиите во тутунот може да придонесат за развој на рак на клеточно ниво, наведуваат од ИЈЗ.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.